НЕДВИЖЕН ИМОТ

Основни концепти за вреднување на недвижен имот

Вредноста на имотот може да се дефинирана како сегашна вредност на идните придобивки што произлегуваат од сопственоста на имотот.  Придобивките од недвижниот имот генерално се остваруваат за долг временски период. Затоа, проценката на вредноста на имотот мора да ги земе предвид економските и социјалните трендови кои можат да влијаат на четирите елементи на вредност:

• Побарувачка:    Можна зголемена побарувачка на таков вид имот во даден момент

• Корист:              Можна корист од таков тип на недвижност во даден момент

• Недостиг:          Недостиг на таков вид имот во даден момент на пазарот

• Преносливост: Олеснителни околности преку кои се пренесуваат сопственичките права

Вредност наспроти трошок и цена

Вредноста не е нужно еднаква на трошоците или цената. Трошокот се однесува на реалните трошоци – за материјали, на пример, или работна сила. Цената, пак, е сумата што некој ја плаќа за нешто. Иако трошоците и цената може да влијаат на вредноста, тие не ја одредуваат вредноста. Продажната цена на куќа може да биде 120.000 ЕВРА, но вредноста може да биде значително повисока или помала. На пример, ако новиот сопственик и најде сериозен недостаток на куќата, како што е погрешна основа или тектонски пореметувања, вредноста на куќата може да биде пониска од цената.

Пазарната вредност

Проценка е мислење за вредноста на одреден имот на одреден датум. Извештаите за процена се користат во бизниси, владини агенции, поединци, инвеститори или банки, финансиски институции при донесување одлуки во врска со можни трансакции со недвижен имот или финансиски известувања. Целта на проценката е да се одреди пазарната вредност на имотот – најверојатната цена по која што имотот би се продал на конкурентен и отворен пазар.

Вредноста по која имотот всушност се продава, можеби не секогаш ја претставува пазарната вредност. На пример, ако продавачот е принуден поради закана од запленување, имотот може да се продаде под пазарната вредност. Исто така, доколку за имотот се обезбеди соодветен маркетинг истиот би можел да се продаде и над пазарната вредност.