кои сме ние?
ЦЕНТАР ЗА ПРОЦЕНА ДОО Скопје е водечка лиценцирана компанија со основна дејност процена формирана во 2012 година. Проценителите имаат широко познавање на домашниот пазар и се посветени на ефикасно и ефективно извршување на услугите со начелата на економичност.
Компанијата работи во согласност со законските одредби, одговорно, транспарентно и професионално, истовремено почитувајќи ги правилата на деловна активност. Проценителите поседуваат специјализирано знаење, вештини, искуство во спроведувањето на обврските и приоритет ни е задоволството на нашите клиенти од добиените услуги.
Друштво за услуги ЦЕНТАР ЗА ПРОЦЕНА ДОО СКОПЈЕ работи во согласност со последните измени на Законот за процена, секогаш со почитување на зададените рокови.
Нашиот тим се состои од 5 вработени од кои 4 се проценители кои поседуваат богато искуство во своите области.
нашата ВИЗИЈА
е да го одржиме статусот на препознатливи лидери во областа процена, кое прво го помислуваат нашите долгогодишни и нови клиенти. Позитивно влијаеме врз економскиот раст одржлив профит преку реални процени. Секогаш ги поддржуваме најголемите странски и домашни инвестиции на капиталот преку реална процена и квалитет.

НАШАТА МИСИЈА
е посветеност кон подобрување на нашите услуги и зголемување на бројот на задоволни клиенти.
За таа цел тимот работи напорно и постојано се стремиме кон усовршување на процесот на процена преку континуирани обуки и преку заедничка комуникација со нарачателите на процената како би можеле да излеземе во пресрет на потребите со што би ја подобриле контролата на квалитетот и услугата взаемно. Синергијата произлегува од нашата интерактивна работа со клиентите.
НАШИТЕ КЛУЧНИ ВРЕДНОСТИ
- Вистиност, искреност и доверба
- Почитување
- Интегритет и чувство на одговорност
- Посветеност
- Иновативност
- Тимска работа
- Одржлив квалитет