Недвижен имот

Што се опфаќа процената во оваа област?
 
  • ПРОЦЕНА НА НЕДВИЖЕН ИМОТ
  • Изработката на елаборат за процена на вредноста на недвижниот имот, НЕ Е ПРЕСМЕТКА туку ПОСТАПКА, каде што се користи посебна вештина, односно збир на знаења кои Проценителот ги поседува како би можел врз база на своето искуство, притоа користејќи научен пристап и методологија, да ја одреди и претпостави-предвиди ПРОДАЖНАТА ЦЕНА на НЕДВИЖНОСТА, т.е. да ја одреди можната добивка, односно приходите кои конкретната недвижност во идно време може да ги донесе и сето тоа да го изрази во сума (валута).

  • ПРОЦЕНА НА ВРЕДНОСТА НА НЕДВИЖНОСТА
  • Сложена постапка бидејќи вклучува мноштво на факти (чинители) кои директно или индиректно влијаат на вредноста на недвижноста. Проценителот сам одлучува кои факти и чинители ќе ги земе во предвид при изработка на процената и нивниот број може да варира во зависност од намената на процената.


НЕДВИЖНОСТ е дел од земјишната површина, заедно со сето она што е со земјиштето трајно споено како над површината така и под површината, во склад со одредбите и законите за сопственост и други стварни права. Складно со нашето уредување, недвижност е ствар-имот која не може да се преместува од едно на друго место без повреда на нејзината суштина.